Како преведувач од македонски имам „статус на егзотичар“
Бенјамин Лангер е германист што одлично го владее македонскиот јазик. Неодамна почна со превод на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски, што ќе биде објавен од берлинскиот издавач „Матес унд Зајц“. Го преведе и романот „Мојата роднина Емилија“ од Влада Урошевиќ. Според него, македонската литература, како и другите, има предуслови за продор на германскиот книжевен пазар доколку понуди интересно дело што ќе биде читано и кое ќе ја активира и критиката.
Нова Македонија


